Ломаченко зема пушка да ја брани татковината, а сега бара да ја напушти Украина и да се бори за светската титула

Еден од најдобрите боксери во светот, 34-годишниот Васили Ломаченко меѓу првите се приклучи на украинската војска во одбрана од руските воени сили кои ја почнаа инвазијата на 24 февруари.

Поранешниот шампион во лесна категорија ги замени боксерските ракавици со униформа и пушка, па долго време им помагаше на своите сонародници, а сега повторно ќе се врати на спортот.

Следен ривал треба да му биде Џорџ Камбосос Јуниор, актуелен првак во лесна категорија во верзиите ВБА, ИБФ и ВБО, а борбата е закажана за 5 јуни во Мелбурн.

Ломаченко се обидува да ја напушти Украина за да се подготви за бокс-мечот за светската титула, но чека одговор од властите дали ќе му дозволат бидејќи претходно забранија на мажите на возраст од 18 до 60 години да ја напуштат државата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON