Ломаченко се враќа зимата на средба со поранешен шампион

Преговорите меѓу таборот на Васил Ломаченко и Риард Коми се во напредна фаза, пишува американскиот новинар Мајк Копингер.

Потенцијален меч меѓу 33-годишниот Лома и 34-годишниот Коми ќе се одржи на 11 декември во Њујорк, САД. Доколку двете страни постигнат договор, тоа ќе биде втор меч за Украинецот во 2021 година.

Двократниот олимписки шампион последен пат се бореше на крајот на јуни, кога го победи Јапонецот Масајоши Накатани. Ова беше негов прв меч по неговиот несреќен пораз од Теофимо Лопез.

Ганецот Коми, кој беше шампион во лесна категорија ИБФ, исто така ќе излезе на втора средба. Африканецот во февруари го победи Џексон Маринс, а пред тоа загуби од Теофимо Лопез на крајот на 2019 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО