Враќањето на Васили Ломаченко во рингот е на пат да се случи против љубопитен противник.
Промоторот Боб Арум призна дека сака да организира меч на „Матрикс“ налето против Масајоши Накатани, кој во својот претпоследен меч, како Украинецот, загуби од Теофимо Лопез. Потоа, сепак, 31-годишниот Јапонец го победи Феликс Вардехо во декември за испразнетата интерконтинентална титула ВБО.
„Разговаравме со Ломаченко и тој сака да се бори налето. Му омрзна да се бори во балон. Тој може да продаде многу билети. Мислиме дека можеме да направиме голем меч во САД, можеби против Јапонецот Масајоши Накатани. Тој даде се од себе против Теофимо, Накатани удира многу силно“, призна Арум.