Џошуа – Фјури во јуни во Лас Вегас

Лас Вегас повторно стана фаворит за домаќин на боксерскиот супер судир меѓу Ентони Џошуа и Тајсон Фјури.

Според промоторот Еди Херн, „Градот на гревот“ би бил совршено место за средбата, а таа би можела да се организира во јуни. Досега се сметаше дека Саудиска Арабија е најверојатната дестинација за мечот, но влошувањето на ситуацијата со Ковид-19 и воведувањето на таканареченото „заклучување“ повторно ја сменија сликата.

„Многу од можните датуми зависат од ситуацијата со Ковид, бидејќи првично сакавме мечот да биде во мај, но сега јуни се чини побезбеден. Различни земји се во различни фази. Некои се во блокада. Некои се отворени. Саудиска Арабија е во заклучување, но одржуваат големи настани зад затворени врати. Мислам дека планираат да се отворат во март, но не знаете што ќе се случи. Лас Вегас се отвора во мај. Ова ќе биде одлична можност за градот да го организира најголемиот боксерски спектакл. Сингапур, Катар, Абу Даби, Дубаи. Ова се местата што сакаат да бидат домаќини. Но, не можеме да ги игнорираме големите понуди од другите делови на светот“, изјави Херн за „Индипендент“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО