Васил Ломаченко (Украина) го помина Генади Головкин (Казахстан) во рангирањето за најдобар боксер во сите категории, според ЕСПН.
Во текот на викендот Украинецот ја доби кубанската супер ѕвезда Гилермо Ригондо во историскиот меч меѓу двократните олимписки шампиони. Казахстанецот долго време беше лидер, но останува на второто место.
Тројката ја дополнува феноменалниот Американец Теренс Крафорд, кој има 32 победи во 32 меча. Четврти е последниот ривал на Головкин – Сол Алварез – Канело, следен е Кит Турман.
Единственото име од тешка категорија, изненадувачки, е на Дионтеј Вајлдер. Ентони Џошуа воопшто не е на листата.
https://youtu.be/Ko6gDG0xAIA
.