Желбата на љубителите на боксот да ги видат двајца од најголеми таленти од аматерскиот бокс еден против друг на професионалниот ринг може да се оствари.
Украинската сензација Васил Ломаченко објави дека е подготвен да се боксира во секое време со кубанскиот техничар Гијермо Ригондо. Талентите имаат две олимписки титули зад себе, а освен тоа освоија и светските круни кај професионалците.
„Сакам голем меч со сериозен противник во 2016 година. Не сакам да го коментирам мечот со Ригондо. Веќе околу 300 илјади пати сум зборувал за тоа. За жал, има проблем со промоторот. Додека не се договорат меѓу себе, мојата желба да се бориме, не е доволна“, рече Ломаченко.
Ригондо сакал премногу пари за да се бори со Ломаченко, тврдат луѓето на Украинецот.