Васил Ломаченко не е импресиониран од победата на Мики Гарсија изминатиот викенд.
ВБО шампион во суперлесна категорија ја гледаше победата на Гарсија против Адријан Бронер и вели дека ништо не видел што ќе го натера два пати да размисли за подигање од 59 на 61,2 килограми за борба со него.
Украинецот овој викенд ја брани титулата против Колумбиецот Мигел Мариаџ (25-2, 21 КО).
„Ја гледав борбата. Неговиот тренер Роберт Гарсија во еден момент рече дека Мики Гарсија е борец од А класа. Не видов ништо во текот на оваа борба што сугерира дека тој е борец од А класа, извонреден борец. Да, ја доби борбата. Да, направи се што требаше да се направи да ја добие борбата, но јас не видов ништо посебно. Не видов борец од А класа. И беше бавно. Речиси заспав“.
Гарсија го спомена Ломаченко како потенцијален противник и пред и по борбата со Бронер. Пречка на оваа голема борба може да и биде историјатот на Гарсија и Топ ранг. Поради судирот со промоторот Американец кој го тргнаа од рингот две ипол години, а Топ ранг сега е промотор на Ломаченко.
Се огласи и менаџерот на Ломаченко Егис Климас.
„По борбата Мики Гарсија изјави дека е подготвен да се бори со секој кој ќе дојде на Шоутајм. Тој веќе бира телевизиска куќа. Мислам дека ние сме на поинаков пат, иако би сакале да се бориме со Мики Гарсија. Таа борба ќе го направи големо името на Васил“.