Ломаченко: Ќе го натерам Лопез да си ги поврати зборовите

Светскиот шампион во лесна категорија ВБО и ВБА, Васил Ломаченко, воопшто не изгледа загрижен за заканите на неговиот иден ривал Теофимо Лопез.

Вчера двајцата потпишаа договор за нивната средба, што ќе се одржи на 17 октомври во Лас Вегас. Иако мечот ќе се одржи без навивачи, ова е најочекуваниот боксерски дуел за остатокот од 2020 година.

23-годишниот Лопез, кој е шампион на ИБФ, вети дека ќе го прекине владеењето на Украинецот, обвинувајќи го за намерно бегство од мечот, иако токму Американецот го доведе во прашање натпреварот, барајќи поголема сума.

„Тефоимо е многу добар во зборувањето“, рече Лома (32) како одговор на нападите.

„Тој не престана да го повторува моето име во последните две години. Зборувам во рингот и мојата цел е да додадам уште еден светски појас во колекцијата. Покрај ударите, ќе го натерам да си ги поврати зборовите што ми ги кажа.

Знам дека сум подобар боксер и планирам да се вратам во Украина со четири титули“, додаде двократниот олимписки шампион.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON