Ломаченко ќе ја брани титулата против Крола

По многумина најдобриот боксер на светот во овој момент се враќа на рингот на 12 април во Лос Анџелес.

Светскиот шампион во лесна категорија Васил Ломаченко (12-1, 9 КО) ќе се бори против задолжитерлниот предизвикувач на ВБА федерацијата Ентони Крола (34-6-3, 13 КО).

32-годишниот Британец е поранешен ВБА шампион во лесна категорија. Појасот го загуби од Хорхе Линарес, кој подоцна беше поразен од Ломаченко. Во моментов е во серија од три победи, вклучувајќи ја и онаа против светскиот шампион во три тежински категории Роки Барнс.

Украинецот во претходната борба во декември со едногласна одлука го победи шампионот на ВБО, Хозе Педраза.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON