Васил Ломаченко (8-1, 6 КО) очекувано доминираше против Џејсон Соса (4/2/20, 15 КО) и по втор пат ја одбрани титулата на ВБО шампион во суперлесна категорија.
Од аголот на Американецот ја прекинаа борбата по деветата рунда.
Александар Усик (12-0, 10 Ко) по втор пат го бранеше појасот ВБО во крузер категорија. 30-годишниот Украинецот, по втор пат во својата кариера одработи 12 рунди и го победи претходно непоразениот Мајкл Хантер (12-1, 8 КО). Американецот му задаваше проблеми на Усик со преден директ, а поранешниот олимписки шампион речиси за малку го нокаутира Американецот во последната рунда. Сите тројца судии борбата ја бодуваа 117-110.
Третиот Украинец на настани Александар Гвоздук (13-0, 11 КО) во Окснард Хил ја направи изведбата на кариерата и со нокаут во третата рунда го совлада Кубанецот Јуниeски Гонзалес (18-3, 14 КО).
https://youtu.be/AAkS5aA_oKg
https://youtu.be/ocFd85RtSrI
https://youtu.be/JLPuGz0VXFw
.