Ломаченко: Џонс, Али и Тајсон се најголемите во боксот

Поранешниот светски шампион во три тежински категории Васил Ломаченко (16-2, 11 КО) ги прогласи тројцата најдобри во историјата на боксот.

Тоа е една од најдискутираните теми во последните години. Меѓу имињата кои често се споредуваат се оние на легендарните Мухамед Али, Мајк Тајсон и Рој Џонс. Ломаченко смета дека овие тројца се најголемите великани во историјата. Васил не сакаше да ги рангира.

„Според мене, Рој Џонс е еден од тројцата најдобри боксери во историјата. Сакав да ги гледам неговите борби како дете. Рој Џонс, Мајк Тајсон и Мухамед Али.

Не сакам да кажам кој каква позиција зазема. Ги сметам за тројцата најдобри борци во нашиот спорт“, изјави Украинецот во интервју за Јутјуб каналот ЕсЊус.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО