Една од најголемите ѕвезди на боксот, Васил Ломаченко (12-1,9 КО), веќе е шампион во лесна категорија на две организации, откако победи со едногласна судиска одлука (119-107, 117-109 и 117-109) против Хозе Педраза ( 25-2, 12 КО) во борбата за обединување на појасите на Светската боксерска асоцијација (ВБА) и Светската боксерска организација (ВБО) во Медисон сквер гарден“ во Њујорк.
👑👑 Vasyl Lomachenko wasn’t at his scintillating best (except in the eleventh round) tonight, but has still picked up two world titles in his first two fights at a weight class he doesn’t really even belong in yet. pic.twitter.com/Wvh5iEwPmk
— Michael Benson (@MichaelBensonn) December 9, 2018
Во 10-тата рунда Педраза го зададе најзначајниот удар во телото на Ломаченко кој очигледно го здрма Украинецот, по што значително го зголеми темпото во следниот дел од борбата. До тој момент двајцата се впуштаа во размени на удари, но беа претпазливи, а претпочитаа да боксираат во вистинска смисла на зборот и во голема мера потехнички подговтениот Украинец имаше предност.
Дури во 11-тата рунда Ломаченко ги нанесе клучни удари на својот противник, испраќајќи го во нокдаун по комбинирани удари. Наместо да оди во клинч и да прима што помалку удари и да излезе неповреден, Педраза не можеше да ја контролира дистанцата и повторно беше пратен на подот. Останаа сериозни сомневања дека овој пат причината за нокдаунот е удар под појасот. Независно од тоа, чудо го спаси Педраза и ја преживеа оваа рунда, бидејќи судијата во рингот мирно можеше и да го прекине мечот по канонадата на Ломаченко, бидејќи неговиот противник исклучиво се бранеше и воопшто не реагираше на ударите.
What a blow!
Watch Lomachenko and Pedraza put their titles on the line on ESPN: https://t.co/Q4ejErZ1PF pic.twitter.com/CPhqao4U9i
— ESPN (@espn) December 9, 2018
Генерално, целиот меч се претвори во тактичка борба и многумина фанови, претпочитуваат жестоки размени и се љубители на нокаутите, можеби го дефинирале како здодевен. Ломаченко не беше на вообичаеното исклучително високо ниво и оваа победа не беше толку спектакуларна како некои од претходните осум последователни победи со нокаут. Сепак, Украинецот прв пат излезе на рингот по операцијата на десното рамо по последната битка во мај против Хорхе Линарес (45-4, 28 KO).
https://twitter.com/espn/status/1071638574175584256?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1071638574175584256&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.sportal.bg%2Fnews.php%3Fnews%3D760086
Пуленот на Флојд Мејведер – Џервонта Дејвис (20-0, 19 KO) – го нокаутира Педраза во седмата рунда во јануари 2017-тата и тоа беше единствениот пораз на Порториканецот, но тој нема основа да ја оспориа судсиката одлука. Ломаченко може и да не беше познат, сепак беше доволно убедлив за победа на поени, а можеше и да го совлада со технички нокаут во 11-тата рунда, ако судијата во рингот беше помалку трпелив.
Според статистиката, Ломаченко успешно пласирал 240 од 738 обиди за удар, додека противникот бил двојно неактивен со 111 погодоци од 931 обиди. Украинецот исто така има забележано 158 силни удари од 345 обиди, а соодносот на Педраза е 80 од 425. Директните удари со водечката рака исто така се во корист на шампионот – 82 успешни од 393 обиде наспроти 31 од 506.
https://www.youtube.com/watch?v=u3Vf_qiuL34
.