Бронза за ката тимот на Ронин со победа над Грција на Карате 1 Серија А лигата

Со победата на Грција од 5-0 ката тимот во состав Маријана и Мишела Димоски и Киријна Камческа го освоија бронзениот медал на Карате 1 Серија А лигата во Шангај, Кина.

Девојките од Прилеп настапија за Ронин Мамисде од Австралија, бидејќи живеаат со родителите во оваа далечна земја. Клубот го водат Златко и Елизабета Димоски.

Во првата средба тимот на Рони славеше против екипа од Италија (Tиријана Донофрио, Лиса Пиви, Амато Kараолина) сo 3-2, тим кој е повеќе пати е европски шампион и со медали од светски првенства, а и сите девојки од тимот имаат многу поединечни европски и светски титули. Потоа загубија тесно од Шпанија 2-3, од тимот кој само пред три недели стана светски вице-шампион во Мадрид. И во борбата за бронзениот медал е совлдана Грција.

За жал, овој тим многу ветуваше и за Македонија, но поради некои состојби во нашиот трофеен спорт заминаа во Австралија.

На ова коло од Карате 1 Серија лигата македонски каратисти не учествуваат.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО