„Не успеав да ги поврзам комбинациите како што треба. Се обидував да стигнам до импресивен нокаут. Очигледно, мечот не отиде во насоката што ја сакав. Планирав да го задржам дуелот на нозе, како што реков. Не се повлекував. Очигледно е дека Фили ме надбори, ме соборуваше и ме држеше во партер. Никако не успеав да направам простор за да станам и да се вратам на мојата тактика. Додека се снајдов средбата беше готова. Очигледно е дека загубив“, рече потиштениот и тажен Артен Лобов по УФЦ Фајт најт настанот во полскиот Гдањск, каде што загуби од Андре Фили со едногласна одлука.
Во интервјуто за БТ спорт, Рускинот со ирски пасош накратко го опиша двобојот. Смета дека не ја потценил моќта на Фили.
„Ме погоди со хај кик/висок удар. Тоа беше тежок удар и за момент бев здрман. Но, се опоравив многу брзо и се вратив во ритам. Се чувствував добро. Дури и не ги почувствував останатите удари, ми отвори исекотина со еден удар во окото, но чувствував како повеќето да ги блокирав. Го притискав, мислев дека нокаутот е близу. Неколкупати го удрив добро, но многу е тешко да се размислува под притисок. На крајот вака заврши. Што ќе направиш?, објаснува.
Не му помогнаа ниту присутноста и советите на Конор Мек Грегор кој не му беше во аголот, но спрема неговото однесување покрај октагонот, како да беше …
„Никаков притисокне чувствував поради тоа. Конор и јас одпрвиот ден си го чуваме грбот и ќе продолжиме да го правиме тоа и во иднина. До крај. Ми даде поддршка и ми даде некои совети, како требаше да се борам. Тоа е секогаш добро да се слушне. За време на мечот ми даваше многу совети, а така продолжи и подоцна“.
Што е следно? Лобов е веројатно единствениот борец на УФЦ со негативен „скор“ на своето боречко конто …
„Не сум сигурен. Тие уривања, имав неколку слични борби во кои противниците ме соборуваа и држеа на подот. Не знам, но немам ништо против да се обидам во боксот. Знам дека имам договор со УФЦ. Ќе разговарам со нив и ќе ги прашам да ми дадат отпуст од договорот, за да можам да направам неколку боксерски мечеви. Не знам како ќе се развиваат работите, секако ќе бидам во контакт со нив. Штом нешто ќе се реши, ќе ве известам“, заклучува Лобов.
.