Боречкиот клуб Лирија утре прославува 40 години постоење.
Клубот од јубилеј ќе го одбележи со пригодна прослава во скопскиот ресторан АБЦ, при што ќе се прикаже документарен филм за основањето и постигнувањата на Лирија, потоа ќе се доделат признанија на сите оние кои дале придонес за афирмација на Лирија, односно на освојувачите на медали и спортските работници. Освен тоа, признанија ќе добијат и најуспешните клубови од Македонија.
Лирија е шампион на Југославија во 1983 година, два пати шампион на Македонија (2002 и 2003 година), а последните три години го освојува Купот на Македонија.
Од редовите на Лирија се излезени и најголемите боречки имиња на македонското борење Шабан Трстена и Шабан Сеиди, како и Бајрам Чероли, Абаз Емини, Агим Ејупи, Јасин Реџелари, Елмедин Сејфулаху. Неизбежни се и имињата на тренерите Ментас Алајбегу и Хајруш Синани.
Ipon.mk