Изборното првенство во борење слободен стил до 20 години денес во Радовиш понуди неколку квалитетни борби. Екипата на Лирија од Скопје беше најуспешна со 29 поени, втора е екипата на Бучим -25, па Тефјуз-20, Балканец-11, Скопје-10 итн.
Бучим, Балканец, Лирија и Скопје имаа по две први места.
На Првенството учествуваа 61 борач од девет клуба: Бучим, Блаканец, Лирија, Тефејуз, Скопје, Студеничани, Неготино, 7 Мај и Безбедност.
Во финалните борби во категориите до 55 килограми, 60 кг и 66 кг беа прикажани квалитени и интересни борби. Во 55 кг се сретнаа Елмедин Сефулау (Лирија) и Герче Батески (Бучим), а во 66 кг Никола Петров (Бучим) и Ердоан Мемети (Тефејуз), додека полуфиналната борба во категоријата до 60 кг меѓу Иван Јанев (Бучим) и Адил Адили (Скопје), која му припадна на Адили, беше финале пред финале.
УО на Федрацијата за боречки спортови на Македонија (ФБСМ) одлучи идниот викенд на турнирот „Петар Сираков“ во Бугарија да учествуваат Бесмир Весели и Јасин Реџелари, како сигурни кандидати.
50 кг. 4 учесници
- Адиловски Расул (Скопје)
- Армин Идризи (Тефејуз)
- Амар Мурат (Тефејуз)
- Бубрегоски Бобан (7 Мај)
55.кг 8 учесници
- Елмедин Сејфулау (Лирија)
- Батески Герче (Бучим)
- Амир Реџепи (Лирија)
- Бесим Амети (Тефејуз)
60 кг. 8 учесници
- Адил Адили (Скопје)
- Реџепи Ријад (Лирија)
- Иван Јанев (Бучим)
- Ирфан Реџелари (Лирија)
66 кг. 13 учесници
- Петров Никола (Бучим)
- Ердоан Мемети (Тефејуз)
- Ваљон Рогачи (Лирија)
- Јетмир Имери (Тефејуз)
74 кг. 10 учесници
- Јусуф Сахити (Лирија)
- Беслим Муртезани (Студеничани)
- Фиданчо Јованов (Бучим)
- Мустафовски Рамадан (Тефејуз)
84 кг. 7 учесници
- Никовски Стефан (Балканец)
- Касамовски Садик (Лирија)
- Енчев Никола (Бучим)
- Адем Адем (Лирија)
96 кг. 8 учесници
- Спасов Васе (Балканец)
- Асани Шукри (Тефејуз)
- Србиновски Мартин (Тефејуз)
- Висар Рогачи (Лирија)
125 кг 3 учесници
- Кристијан Крстев (Бучим)
- Ковачки Мартин (Безбедност)
- Јованов Столе (Бучим)
ipon.mk/В.Д.