Лирија и Вардар водат во екипниот пласман во борење кај мажите и жените

По вчерашните и денешните натпревари на Државните првенства за јуниори (У-20) и кадети (У-15) во Кочани, севкупно од сите шампионати во 2022 година лидери во машка и женска конкуренција се Лирија и Вардар. Ова се се уште неофицијални резултати до кои дојдовме, но конечните ќе ги чекаме од БФРСМ.

Екипен пласман мажи 2022:
Лирија 300 бода
Балканец 286
Бучим 229
Чаир 137
Студеничани 85

Денес најуспешни се: Лирија 30, Балканец 26, Чаир 20, Бучим 19, Студеничани 15, Борец 10, Неготино 9, Тефејуз 7, Вардар и Киро Ристов по 4 и Спартак 2.

Екипен пласман жени 2022:

Вардар 239 бода
7 Мај 212
Балканец 81
Бучим 51
Спартак 19
Неготино 10

Инаку, денес најдобра беше екипата на „7 Мај“ со 35 поени, пред Вардар со 20 и Балканец и Бучим со 8, Лирија 5, Чаир 4 и Киро Ристов 2.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО