Лиото Мачида суспендиран на 18 месеци!

lioto-macida-udira-mavasi

УСАДА го суспендираше Лиото Мачида на 18 месеци.

Поранешниот шампион во полутешка категорија призна дека употребувал производ кој содржел стероид 7-кето-дехидроепиандростерон (DHEA). Бразилецот ја призна употребата на производот и рече дека не знаел оти ја содржи забранетата супстанца.

Од УСАДА изјави ја дека Мачида за соработка добил поблага казна, наместо двегодишна суспензија.

7-кето-дехидроепиандростерон го забрзува метаболизмот и помага во губење на тежината.

Суспензијата трае ретроактивно од 8 април 2016 година, а на сцена може да се врати во октомври 2017 година.

38-годишниот Мачида доживеа порази во три од последните четири борби.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО