По повеќе од две години без настапи, во кафезот на УФЦ ќе се врати на поранешниот шампион во полутешка категорија, Лиото Мачида. Негов противник на Фајт најт во Бразил треба да биде Дерек Брансон.
39 годишниот Лиото не настапувал од јуни 2015 година, кога со прекин беше поразен од Јоел Ромеро. Тоа му беше трет пораз во последните четири борби, меѓу кои е онаа борба за шампион во средна категорија на УФЦ, кога од него подобар беше Крис Вајдман. Потоа требаше да се бори во април 2016 година, а противник требаше да му биде Дан Хендерсон.
Сепак, само три дена пред борбата, Мачида го призна користењето на забранети супстанци и рече дека не знаел дека тие се наоѓаат во суплементите што ги користел. Сепак, УСАДА не го прифати тоа како олеснителна околност, па „Змејот“ беше суспендиран на 18 месеци. ММА заедница сметаше дека казната е преголема, бидејќи на Бразилецот тоа му беше прв прекршок во долгата кариера, но казната не беше намалена. Така на Мачида му беше забрането да настапува до октомври оваа година и многумина мислеа дека ќе се пензионира.
Тоа сепак не се случи и Мачида го дочека времето кога повторно може да тренира, а од Бразил доаѓа вест дека веќе договорил борба која ќе ја направи речиси веднаш по завршувањето на суспензијата. На 28 октомври на Фајт најт во Бразил, би требало да му се спротистави на Дерек Брансон.
Силниот Брансон засега има вртаоглава кариера во УФЦ. По двете уводни победи, доживеа пораз од Јоел Ромеро, и тоа во борбата во која две рунди доминираше, за во полседната да биде нокаутиран. Тоа не го запре да направи серија од пет победи, што го доведе да борба против Роберт Витакер. Во таа борба, сепак, е поразен со прекин во првата рунда, а на почетокот на оваа година се сретна со Андерсон Силва. Таа битка ја изгуби на поени, иако многумина го сметаа за победник, но уште еднаш успешно се врати, ова лето го победи Дан Кели. Со тоа Брансон секако е во врвот на оваа категорија и борец кој лесно може да скокне меѓу кандидатите за напад на титулата.
УФЦ 119 Фајт најт ќе се одржи во Сао Паоло, а Бразилците јавуваат дека токму Мачида и Барнсон треба да ја предоводат програмата, односно да настапат во главната борба. Досега Барнсон има само еден „главен настан“, и тоа кога загуби од Витакер, додека Мачида своите последни шетс настапи беше дел од главните борби на настанот на кој настапуваше.