Биспинг: Моментално тежам 103,5 килограми (ВИДЕО)

УФЦ шампионот во средна категорија, Мајкл Бисинг, отприлика за околу два и пол месеци по втор пат ќе го брани појасот. Од другата страна на октагонот во Медисон сквер гарден арена во Њујорк ќе стои поранешниот првак во велтер категорија и повратник во УФЦ – Жорж Сент Пјер.

Британцот неодамна се врати од годишен одмор за кој наголемо се зборуваше во медиумите, а сега е време да почне со подготовките. Иако тврди дека за време на одморот бил прилично дисциплиниран, сепак нафрлил неколку килограми. Ова „нешто“ е прилично голем број за еден борец кој се натпреварува во категоријата до 84 килограми. Според неговото признание во едно од последните медиумски изданија, Биспинг стигнал скоро до 104 килограми. Пред него се точно 20 килограми што мора да ги симне пред да го „пуштат во кафезот“.

„Бев добар. Испив неколку чаши вино,  некој со коктел ваму-таму. Велам, бев добар и бев доста активен. Но да, јадев како крал. Во моментов сум прилично тежок. Всушност, во моментов имам дури 103,5 килограми. Морам да почнам да губам килограми, морам да почнам да тренирам и да се подготвувам. Штом ќе се завршам овој подкаст, одам во УФЦ салата, таму ќе се сретнам со мојот тренер за џиу џицу. Кампот за мечот против ЖСП почнува сега“, објави Биспинг.

За шансите на неговиот противник рече:

„Нема шанси тој да победи во овој меч. Ако добро се подоготвам во боречкиот дел, тоа ќе биде прилично лесно, бидејќи е многу помал од мене. Па не се бореше 4 години. Во секој случај, тоа ќе биде интересна средба. Ќе му треба спортски психолог за да ми велезе во главата и така да го доби овој меч, бидејќи во спротивно, искрено, не гледам како може да ме победи. Драго ми е што на сите ќе и докажам дека се во криво (не се во право), и на себе ќе докажам дека сум бил во право и дека на сите ќе и се заблагодарам за поддршката за сите овие години“, вели Биспинг.

Не е јасно дали Британцот во последната реченица повторно навести дека неговата средба на УФЦ 217 во Њујорк може да биде последен во кариерата. Борците и се заблагодаруваат на своите навивачи за нивната долгогодишна поддршка обично кога ќе стигнат до својот боречки крај. Биспинг цела година мака мачи со повредите, неговото око бара хируршка интервенција кој може да се направи само кога ќе ги закачи ракавиците на клинец, а во последните настапи заработи огромни суми на пари и многу веројатно си обезбеди место во Куќата на славните на УФЦ.

Дали е време за крај на УФЦ шампионот?

https://youtu.be/jEeWVqoWFX8

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО