Лиото Мачида се среќава со Чаел Сонен во јуни

Белатор се враќа со нов настан во Њујорк. Настанот во Медисон сквер гарден во јуни ќе го предводат ветераните Лиото Мачида и Чаел Сонен.

Ариел Хелвани, кој е многу близок со Чаел, потврди дека Мачида и Сонен ќе се борат на 14 јуни во Медисон сквер гарден. Мачида се надеваше дека ќе добие шанса против Гегард Мусаси во средна категорија, но тоа нема да се случи наскоро и тој ќе се качи во полутешка за борба со Чаел.

Мачида во дебито за Белатор во декември со одлука на судиите го победи Рафаел Карвалјо. Драгонот е во серија од три последователни победи и нема две години нема пораз. Сонен беше нокаутира од Федор Емилијаненко минатата година и исфрлен од турнирот на Белатор во тешка категорија.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО