Македонската таеквондо федерација (МТФ) трета година по ред го организира Летниот камп Охрид 2017.
„На кампот има 140 учесници од скоро сите клубови на МТФ. Важноста на овој камп е многу голема, бидејки ќе има голем удел во изборот на репрезентативниот тим кој ќе ги брани боите на на Македонија во периодот што следува“, велат од МТФ.
Од Федерацијата се нагласува дека оваа година ги очекува Европското сениорско и Европско јуниорско првество, како и Балканско првенство, кое најверојатно ќе се одржи во Турција.
Ipon.mk/В.Д.