Како Роки (ФОТО)

Задолжителниот предизвикувач за светската титула на ВБО во тешка категорија Британецот Хјуи Фјури се подготвува за претстојниот меч против шампионот Џозеф Паркер од Нов Зеланд удирајќи во замрзнато месо, така како што правеше филмскиот херој на Силвестер Сталоне глумејќи го Роки Балбоа.

Тренинг кампот Фјури го организира во спартански услови крај езерото Виндермајер, за да се подготви за најважниот меч во кариерата, кој ќе се одржи на 23 септември во „Манчестер арена“ и ја користи локалната кланица.

Манчестерскиот херој трча низ тешкиот планински регион, цепи дрва и плива во студеното езеро со својот татко и тренер Питер.

„Го сакам различниот начин на тренингот! Кога сопственикот на кланицата го виде моето вежбање во планината ми спомна за Роки, кој удира во месото и рече дека можам да дојдам и да го направам истото како него. Веднаш ја искористив шансата, бидејќи, еден труп месо тежи речиси 200 килограми. Роки е еден од моите омилени филмови на сите времиња и беше многу возбудливо и јас да го правам тоа“, изјави Хјуи Фјури.

„Си замислувам дека месото е лицето на Џозеф Паркер кога го удирам ги слушам неговите ребра и коските, што ме тера да ударам уште посилно. Исто како Роки, белата преврзана рака по 12-рундна сесија на месото стануваат крвавави… Се подготвувам за оваа битка и тренирам во границите на моите можности, дури и над нив. Нема како Паркер да си замине од Манчестер со светската титула“, истакна братучедот на Тајсон Фјури.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО