Стигна неодолива понуда до моментално еден од најдобрите боксери во нашата земја Сашо Лескароски, откако најави дека заминува од Охрид.
Имено, охридската боксерска легенда Саше Митрески и неговиот менаџер Лука Поповиќ, пренесува ohridnews.com, сакаат да го внесат Лескароски во професионалниот бокс.
– Пред околу еден месец Саше Митрески, заедно со неговиот менаџер, ми понудија да се префрлам во професионалниот бокс. Наредниов викенд ќе одиме во Белград, ќе разговараме и ќе одлучиме што е најдобро за мојата кариеара. Ако се одлучам да боксувам во профи категориите, никогаш повеќе нема да можам да се борам во олимпискиот бокс, во кој е дел и македонскиот шампионат. Да бидеме искрени вложувањето во македонскиот бокс е залудно потрошено време бидејќи квалитетот е на многу ниско ниво – рече Сашо Лескароски.
Ако се одлучи да пристапи на професионалниот бокс првата борба на охриѓанецот треба да биде во новата 2015 година.