„Лесен“ тренинг-трчање од Битола до врвот Пелистер на 2.600 метри!

risto dimsa skanta na Pelister

Истакнатите македонски и битолски спортисти Ристо Димитров-Чурино, Александар Димовски-Димса и Александар Најдовски-Сакнта вчера направија „ЛЕСЕН“ тренинг-трчаа до врвот Пелистер на планината Баба кај Битола. dimsa skanta trening na pelsiter

Лесниот“ тренинг почнал од Битола до врвот Пелистер, но со трчање до надморска височина од 2.600 метри. Колку што е познато, до таму сите пешачат, а тројцава спортисти, еден ММА натпреварувач и двајцата кикбоксери, се првите што ја истрчале оваа патека. Патем, таму одржаа и тренинг по борбени техники, што особено ќе му користи на Димитров за настапот на ФФЦ 19 во Линц, Австрија, против Мануел Билиќ на 18 септември.

Тренингот по врќањето продолжи в сала.

Димса и Сканта се подготвуваат за Државното кик бокс првенство, како вовед за Светското првенство.

risto dimsa trening

 ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО