Леонардо Ло и Тајане Порфирио се апсолутните победници на Пан 2017

Два епски дуели го одбележаа крајот на еден незаборавен настан. Тоа е акцентот од четвртиот и финален ден на Пан 2017, кој заврши во неделата во Калифорнија.

Откако беа добиени шампионите во секоја категорија, дојде време да се добијат и двајцата апсолутни победници.

Во финалето кај мажите немаше изненадувања, а победник е фаворит Леонардо Ло. Откако претходно ја освои титулата во тешка категорија против Танер Рајс, тој се сретна со Жоао Габриел.

Мечот воопшто не беше лесен. Жоао Габриел кој е потежок од Лендро Ло, ја освои титулата во ултра-тешка категорија, победувајќи го Густаво Дијаз. Жоао и Ло демонстрираа добра движење, но со вешт потег Ленадро Ло успеа да надвладее и да го скрши сонот на Габриел.

Кај жените една спроти друга застанаа Тајане Порфирио и Џесика Флоуерс. Пред тоа Порфирио ја освои супер-тешката категорија, победувајќи ја Габи Гарсија. Во меѓувреме, Флоуерс стана првак во тешка категорија против фаворитот Андреша Кореа. Победникот беше добиен на поени, а тоа е Тајане Порфирио која успеа да ја собори Флоуерс на подот и да ја задржи топ позицијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО