Леѓендарниот американски боксер во тешкка категорија Леон Спинкс беше примен во болница. Тој имаше две операции на стомакот. Ветеранот е подлложен на реанимација во болницата во Лас Вегас, затоа што му се влошила состојбата.
Сопругата на Спинкс во коментар за АП вели дека поранешниот светски шампион почнал да закрепнува.
Спинкс ќе остане забележан во историјата во една од најизненадувачките победи на сите времиња. Во 1978 година го победи Мухамед Али и стана апсолутен светскии првак во тешка категорија. Тој е и олимписки шампион од ОИ во Монтреал 1976 година.