Ленокс Луис: За да се потврди владеењето во тешка категорија треба да се победи Кличко

vladimir-klicko sklekovi

Според поранешниот неоспорен светски шампион во тешка категорија, Ленокс Луис, Владимир Кличко и понатаму е тој што треба да се победи за да се потврди владеењето во тешка категорија.
Украинаецот следната сабота, како и Дејвид Хеј, покрај рингот ќе следи Ентони Џошуа во втората одбрана на титулата во ИБФ против Ерик Молина.

„Д-р Стилхамер“ е надвор од акција по изненадувачкиот пораз од Тајсон Фјури во ноември минатата година, кога ги изгуби светските титули на ИБФ, ИБО, ВБО и ВБА. Во меѓувреме појасите отидоа на четири страни. Фјури се откажа од титулите и зеде пауза, со цел да се опорави од депресијата.

Кличко треба да се бори со Џошуа во март или април следната година.

Луис не очекува премногу проблеми за Британецот во мечот со Молина.

„Мислам дека тоа е добра борба за Ентони Џошуа во смисла дека нема да биде тешка. Очигледно, мора да внимава и да не ризикува. Мислам дека треба да ја заврши во три рунди“, рече Луис за Ферфекс медија.

„Сега тешката категорија е ширум отворена, па треба да се зграпчи. Прашањето се сведува на тоа кој прво ќе истапи и ќе се бори против Кличко. Оклопот на Кличко малку е разнишан бидејќи изгуби, така што тоје е тука и може да се победи. Но, и понатаму треба да се победи тој, за да се потврди владеењето во тешка категорија. Жал ми е за него, затоа што неговите појаси сега отидоа на сите можни страни“.

„Човекот кој го победи, Фјури, не беше во можност повторно да влезе во рингот со него, а тој требаше да се бори со Џошуа, но тоа пропадна. Тој навистина сака да се бори со Тајсон Фјури. Мислам дека сега тој седи, размислува и го планира својот следен потег“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON