Ленокс Луис верува во еден тешкаш кој може да го победи Александар Усик: Тој е вистинскиот!

Непоразениот Александар Усик досега имаше 23 професионални борби и не запира тука. Пред неколку години тој ја освои титулата во полутешка категорија и ги обедини шампионските појаси, а истото го направи и минатата година во кралската дивизија.
Брилијантниот Украинец кон средината на мај со поделена одлука го победи Тајсон Фјури, а потоа беше успешен и во реваншот. Во декември, со едногласна одлука го победи Џипси Кинг.
Усик се враќа на рингот на 19 јули на Вембли против британскиот борец Даниел Дубоа и повторно ќе се обиде да ги обедини светските шампионски појаси во тешка категорија.
Нивната борба е реванш од 2023 година, кога украинскиот боксер го победи Дубоа со нокаут во деветата рунда. Усик доминираше во текот на целата борба, но во петтата рунда Британецот го удри под појасот.
Борбата беше накратко прекината, а на Украинецот му беа дадени неколку минути за одмор. Усик се опорави и ефикасно ја заврши борбата.
Британската боксерска легенда Ленокс Луис неодамна изјави дека Дубоа има сè што е потребно за да биде борец кој конечно ќе го заврши владеењето на Усик.
„Даниел е подготвен. Поминал низ искушенија и неволји. Тој е убиец на кралеви. Има моќ. Претходно беше во рингот со Усик и го нокаутира, па знае што да прави. Би било одлично за него да го стори тоа“, рече Ленокс Луис и додаде:
„Нема да биде лесна задача, но тој дефинитивно е човекот кој може да ја заврши работата. Поминал низ сите пречки. Тој е светски шампион и верувам дека може да го победи Усик. Ќе го стори тоа“.
Победникот од борбата Усик-Дубоа веројатно ќе мора веднаш да ја брани титула на ВБО против привремениот шампион Џозеф Паркер, кој трпеливо чека на својата шанса.



