Ленокс Луис вели дека Џошуа бега како глувче од Вајлдер и Фјури оти Англија го штити…

Последниот боксер сопственик на сите четири појаси од ноември 1999 до април 2000 година, легендарниот Ленокс Луис, по сите случувања во најатрактивната тешка категорија и можноста да добиеме уште еден таков боксер, Луис мисли дека Ентони Џошуа, сопственикот на три појаси, всушност четвртиот и не го сака.

Џошуа „под свое“ ги има ВБА, ВБО и ИБФ појасите, додека четвртиот е во сопственост на Дионтеј Вајлдер. Менаџерот на Џошуа, Еди Херн, а и самиот боксер, тврдат дека целта е борба со Вајлдер, легендарниот Ленокс Луис смета дека Џошуа всушност многу се плаши и бега од борба со Вајлдер или Фјури.

„Тој не сака борба со тие типови. Кога ја виде борбата на Вајлдер и Фјури сигурно помисли „О, па овие знаат да боксираат“, вели Луис и додава:

„Очигледно е дека Џошуа бега како глувче од Вајлдер и Фјури. Според мене тие двајцата треба да имаат реванш меч, а Џошуа да почека. И не мислам дека тој ќе дојде во САД, сака да боксира во Англија, затоа што знае дека таму е заштитен“.

Поизгледно е дека Џошуа нема да оди на ниту еден од двајцата боксери. Вајлдер и Фјури по нерешената борба сакаат меѓусебен реванш кој одобри ВБЦ, а следниот противник на Џошуа најверојатно ќе биде Дилиен Вајт.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON