Еден од најголемите тешкаши на сите времиња Ленокс Луис го кажа своето предвидување за мечот кој сите со нетрпение го очекуваат, оној меѓу Ерол Спенс Јуниор и Теренс Крафорд.
Двајцата шампиони во полусредна категорија ќе боксираат на 29 јули во Т-Мобиле арената во Лас Вегас.
Крафорд (39-0, 30 КО) го носи појасот на ВБО во градот на коцките, додека Спенс (28-0, 22 КО) ги има шампионските титули на ИБФ, ВБА и ВБЦ.
Во последниот меч Теренс со нокаут го победи Давид Аванесјан во шестата рунда во декември минатата година, а Ерол го совлада Јорденис Угас со прекин во десетата рунда минатиот април.
Ниту еден од нив сè уште нема загубено меч и двајцата се големи нокаутери, што е дополнителен магнет за љубителите на боксот.
А на таа патека е поранешниот светски шампион и последен сопственик на сите појаси во тешка категорија Ленокс Луис.
„Ќе биде страшна и неизвесна борба. Тешко е да се предвиди победникот и не можеме да знаеме додека не се соочат во рингот. Но, му давам блага предност на Теренс Крафорд“, изјави Ленокс Луис.