Ленокс Луис: Нема да има меч Руиз-Џошуа во Саудиска Арабија

Вечниот песимист Ленокс Луис изјави дека нема да има меч меѓу Ентони Џошуа и Енди Руиз во Саудиска Арабија. Минатата недела беше објавено дека реваншот за титулите во тешка категорија ќе се одржи на 7 декември.

„Сè додека не видам двајцата борци да склучат договор, не верував во тоа. Не ми пречи средбата да биде во Мексико. Мислам дека промотерот на Џошуа инсистира на тоа дека мечот да е во Кардиф или на стадионот Вембли. Најверојатно, ќе се одржи во Њујорк. Сè не се решава со пари. Наследството е важно. Затоа не верувам дека дека ќе се случи варијантата со Саудиска Арабија“.

https://www.youtube.com/watch?v=XCeLbk6kq98
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО