Последниот апсолутен светски шампион во бокс во тешка категорија Ленокс Луис (Анлијаг) беше промовиран во Куќата на славните на државата Невада, САД. Во исто време, Флојд Мејведер доби признание, но за боксер на годината. За време на својот говор рече дека е најдобар боксер во историјата. Ленокс не се согласи со ова мислење.
„Флојд цело време зборува и конечно рече дека е најдобар боксер во историјата. Е, и јас имам да кажам нешто за тоа. Сепак, јас сум последниот апсолутен светски шампион во тешка категорија. Јас сум најдобар во историјата“.
Луис има победи над великаните како: Ивендер Холифилд, Мајк Тајсон, Ридик Боу и Виталиј Кличко.