Ленокс Луис е подготвен да се врати во рингот и да се бори против американска ММА ѕвезда

Поранешниот британски тешкаш Ленокс Луис е еден од ретките боксери кои не се вратиле на борбите по пензионирањето, барем не се уште. Тој беше последниот апсолутен шампион во тешка категорија пред 24 години.

Неговиот последен меч беше во 2003 година кога по шестaта рунда го совлада со прекин Витали Кличко. Имено, Украинецот заработи голема расекотина над окото, а борбата беше прекината.

Луис потоа ги задржа шампионските појаси ВБЦ, ИБИО и Ринг. Кариерата ја заврши со 41 победа, два порази и едно реми, а особено за паметење се неговите триумфи над Мајк Тајсон, Ивандер Холифилд, Хасим Рахман…

Во изминатите дваесет години често се појавуваше во медиумите како боксерски аналитичар, но се чини дека сега има амбиции да се врати во рингот, како што откри ММА ѕвездата Квинтон ‘Рампејџ’ Џексон.

Во едно неодамнешно интервју американскиот борец раскажа за неговата средба со Луис во Саудиска Арабија на настанот меѓу Фјури и Нгану.

„Ленокс Луис дојде до мене, ме измери, ме фати за раменици и ми рече: „Еј, слушнав дека сакаш да се бориш со Шенон Бригс. Јас ќе те тренирам“!, рече Квинтон Џексон.

Неколку минути подоцна Турки Алаших, претседател на ГЕА, праша кој сака да се бори со Луис.

„Гледам наоколу и никој не ми одговори. Мојот тренер беше до мене, ја кренав раката и реков дека ќе се борам со Ленокс Луис откако ќе го победам Шенон“, изјави Квинтон Џексон и потврди дека Луис ја прифатил борбата:

„Ја крена раката и рече: Добро“!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО