Живата легенда на џудото, Теди Рине (Франција), ја одбрани титулата во категоријата над 100 килограми на Олимпијадата во Рио де Жанеиро.
Седумкратниот светски и петкратен европски шампион кај тешкашите Рине го победи во финалето со 2-1 воопомени „шидо“ 24-годишниот дебитант на олимписки игри Хисајоши Харасава (Јапонија). Претставникот на домаќините, Рафаел Силва, со јуко славеше над Абдул Тангриев (Узбекистан) и повторно ја заслужи бронзата, како и пред четири години на Игрите во Лондон. Европскиот вицешампион Ор Сасо (Израел) со шидо 2-1 го победи Алекс Гарсија Мендоза (Куба) и ја освои втората бронза во категоријата.
+ 100 кг – мажи
- Теди Рине (Франција)
- Хисајоши Харасава (Јапонија)
- Ор Сасо (Израел) и Рафаел Силва (Бразил)