Легендата Пакијао ќе се кандидира за претседател на Филипини

Светскиот шампион во тешка категорија во ВБА, Мани Пакијао ќе се кандидира за претседател на Филипини во 2022 година. Тој беше избран за лидер на локалната политичка партија ФДП-Лабан и ќе учествува на следните претседателски избори.

41-годишниот Пакијао последен пат влезе во рингот во јули 2019 година, кога го победи Кит Турман (САД) за шампионскиот појас на Светската боксерска асоцијација (ВБА), забележувајќи ја 62-рата победа на 71 меч во професионалниот ринг. Филипинецот е единствениот боксер во историјата со светски титули во осум различни категории.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО