Светскиот шампион во бокс во тешка категорија на ВБА и ИБФ, 36-годишниот Русин Денис Лебедев, го истакна својот став во врска со приемот на професионалните боксери на Олимписките игри.
„Не можам да дадам конкретно мислење, прво треба да го консултирам мојот тим. Но, ако тоа не ми пречи на професионалните активности, тогаш зошто да не учествувам? Не гледам никакви пречки и сум благодарен за укажаната доверба“.