Балканец ќе го бојкотира „Македонскиот бисер“!

 

Balkanec cela ekipa 2016

Управниот одбор зедно со тренерите на БК Балканец донесе одлука да ги бојкотираат активностите по повод престојниот „Македонски бисер“, турнирот и свечената академија, кој нема да ја почитува одлуката ќе биде казнет.

„Едногласно е донесена одлука сите членови на БК Балканец да не учествуваат на Бисерот и Академијата поради непрофесионалното работење и комуникација на ФБСМ кон БК Балканец, како и за доведувањето на борењето во Македонија на самото дно“, наведуваат од Балканец во соопштението упатено до јавноста. Понатаму се вели дека посакуваат во ФБСМ да има луѓе кои ќе го вратат борењето во Македонија на старите патеки, но, за жал, само бил  жртвуван претходниот претседателот на Федерацијата, Чедо Николовски, за да дојде на негово место  Ванчо Чифлиганец, кој, пак, ги задржал, дури и ги унапредил со функции луѓето кои го донелеа борењето во пропаст, луѓе кои не ги интерисира борење туку премногу се ангажирани околу нивните функции, нивната кариера и профит.

Balkanec isecok napis

Актуелниот претседател В.Чифлиганец имаше обврска да го испита и финансиското работење на ФБСМ, но изгледа неговите „душебрижници“ вешто го манипулираат и одвлекуваат од таа обврска. Македонскито Бисер и Академијата не ја гледат како празник на борењето, туку како простор да се афирмират и рекламират во јавноста, а да ги затскријат своите вистински лица, бегајќи од одговорноста за неуспехот во последните години. Посебно во последните два олимписки циклуси, кога немаме спортист од најтрофејниот спорт преставник на Олимписките игри. За жал, од толку голема стручност  ја прекинаа алката на 44 годишен континуитет да учествуват борачи и освојуват медали на Олимписките игри. Непрофесионалноста доведе дотаму што на свечената Академија освен да зборуваат за 55 години борење во Македонија и 40 години Македонски бисер, како трета точка од дневен ред на Академијата ќе биде 20 години светска шампионска титула на БК Бучим Јака Радовиш, која е во надлежност на БК Бучим и која треба и мора да се организира во Радовиш“, се наведува во соопштението на БК Балканец.

Sobranie na Balkanec 3

 

За подмладувањето на репрезентација на турнирот од Балканец велат дека вистината е поинаква, однонсо по откажувањето на учеството на искусните борачите на турнирот во дилемата била дали ќе има македонски борачи на „Македонскиот бисер“. Потоа се забележува зошто од ФБСМ зошто не се избориле за вајлд карта на македонски борач на Олимписките игри во Рио поради блискоста со првите луѓе на Светската организација. Забележуваат дека пред три месеци поднеле предлози и барања со цел да се врати борењето на старата слава, а за кои до ден-денес немале добиено никакво одговор.

Tabela grdaovi domakini na Biserot

„ФБСМ чашата ја прелеа кога Бисерот оваа година требаше да се одржиа во Штип, но од одредени причини до денес немаме одговор зошто се смени одлуката и најверојатно поради некои лични интереси Бисерот се префрли во Скопје. Пред некој месец, наместо ФБСМ, ги тераа клубовите сами да ги платат лиценците на борачите за учество на меѓународна сцена за да ја претставуваат Македонија, па така Балканец ја плати лиценцата за Стефан Никовски, кој е млад талент и повеќекратен државен првак. Во последен момент беше извисен и не учествуваше на Европското првенство до 23 години во Русе, Бугарија. Клубот беше подготвен да ги плати и сите останати трошоци за Никовски, но на некои луѓе во Федерацијата не и одговара штипјани да постигнуват резултати. Со кое лице луѓето во ФБСМ овие денови го повикуваат Никовски да се бори на Бисерот и ја преставува Македонија, а пред тоа го извисија!? По откажување на стандардните репрезентативци, подготвени се да жртвуваат се,  само да ја замлаглат вистината во македонското борење. Но, од ден на ден се повеќе се одмотува клопчето и вистината излегува на виделина. За жал, ова се еден мал дел од причините поради кои членовите на БК Балканец од Штип нема да учествуваат на свечената Академија и Македонскиот бисер. Донесена е и одлука доколку некој од УО и членовите на БК Балканец не ја почитуваат ќе бидат санкционирани од Управата на клубот. Под било какви притисоци треба да бидеме сложни во нашите ставови за да се „жртвуваме“ и крајна цел е да се избориме и да го вратиме борењето на старите славни патеки“,истакнуваат од Блаканец.

УО на БК Балканец Штип

 

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО