Жером Ле Банер во Шведска ја постигна седмата последователни победа во кик бокс мечевите.
46-годишниот „Џеронимо“ во својата втора борба оваа година во Гетеборг со нокаут во првата рунда го совлада Аднан Алиќ.
Како што можеше и да се очекува се работеше за целосна неусогласеност. 35-годишниот борец од Санџак падна на подиумот по само 30 секунди борба, а по блокирањето на ударот со нога на Ле Банер, 15 секунди подоцна се пожали на повреда на раката додека судијата му броеше до десет.