Херн: Додека јас го водев боксот, ние бевме трговци со робови, а сега на Дилиен мора да му се обратам со господине Вајт!

Во отсуство на синот прес-конференцијата за борбата меѓу Дилиен Вајт и Оскар Ривас ја водеше основачот на Мечрум спорт, Бари Херн.

Ако некогаш сте се запрашале на кого е Еди Херн, не мораше да барате понатаму.

„Што работи Дилиен Вајт додека го чека решавањето на својата ситуацијата околу задолжителен предизвикувач. Курвин син, прифати тешка борба. Тоа не се случува во боксот, зарен не? Сите тие луѓе во боксот зборуваат за тешки борби и дека не се плашат од никого, и дека ќе се борат против кого било, а реалноста е дека зборуваат парите. Тајсон Фјури е најдобро ромски боксер во светот, „Кралот на Циганите“ кој без обѕир на се ќе се бори којбило човек во светот. Неговиот следен противник е рангирана на 93 место во Boxrec. Честитам. Може да рече што сака, но да не сере. Ние сме во работа во која целта е да заработиме пари. И во ова сме за да заработиме многу пари за борците, затоа што не забавуваат и ризикуваат сè што имаат. Секогаш ќе постојат тие мали луѓе кои ќе го напаѓаат боксерите и боксот. Како и прашањето дали боксот воопшто треба да биде легален, дали е ова несогласување, дали таа борба е вредна за плати-па-гледај, морам ли да платам за тоа? Да ви дадам одговор: Морате да платите за неа. Сакате ле да видите квалитет и сакате ли да видите на овие брегови овие момци мора да бидат платени. Ако не ви се допаѓа тоа, направете ми услуга: Не гледајте. Никој не ве присилува да потрошите 19,99“.

Следниот противник на Фјури е Том Шварц всушност е рангиран на 37-мото место на Boxrec ранг листата и на второто место на листата на ВБО.

„Да, борбата ќе биде на Скај спорт ППГ, како и секогаш. Ако немаше ППГ нема да има бокс на ова ниво во оваа земја, бидејќи не може да се натпреваруваат со приликите кои ги имаат на друго место“, продолжува Херн и открива стара расистичка позадина.

„Мислам дека ВБЦ многу лошо се однесува со Дилиен Вајт. Бризил никогаш не смееше да стане задолжителен предизвикувач на Дионтеј Вајлдер. ЕЏ го разнесе на парчиња. Ние и понатму работиме ВБЦ за да му обезбедиме позиција на Дилиен на задолжителен предизвикувач. Ќе споменам дека Мечрум спорт има договор со Дилиен на меч за меч. Нели е чудно тоа? Зошто? Не е врзан со робовски договор, како некопгаш додека јас бев боксер. Тогаш беше многу полесно. Ние бевме трговци со робови. Тие момци работеа за нас, а ние им бевме шефови. Сега морам да му речам на господине Дилиен Вајт. Се однесувате со почит. И тој е вусшност во добра позиција, бидејќи сега можеме да бидеме искрени еден со друг“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО