Лазаревски вели дека Собранието на Вардар е регуларно, а Централен регистер ќе треба да пресече

Собранието на БК Вардар се одржа согласно Статутот на клубот и тоа потполно регулрано, вели секретарот на клубот Љупчо Лазаревски (иако спротивниот табор тврди дека е разрешен на 30 септември), истакнувајќи дека 14 делегати на вчера присуствувале 13, а не како што тврди досегашниот претседател на клубот Далибор Милановски дека највисокиот собир брои 40 члена.

„Сите членови на Вардар кои добровлно потпишале пристапница се членови на Собранието“, нагласува Лазаревски и додава дека тоа е во согласност со член 13 и член 22 од Статутот на клубот.

Очигледно е дека членовите 13 и 22 се во колизија, односно според членот 13  се вели „за член на клубот се смета дека е лице шти доброволно ќе потпише пристапница“. Во членот 22 пак се истакнува дека „сите членови на клубот се и членови на Собранието“.

За тоа дека е разрешен од функцијата секретар на клубот Лазаревски потенцира дека таква одлука не добил, иако процедурите за Собранието веќе биле во тек, така што барањата за враќање на печатот и штембилот биле неоправдани.

Во меѓувреме, на 4 октомври се направени нови печати.

Лазаревски ја посочува историјата на случувањата. Далибор Милановски за претседател е избран во 2014 година со четиригодишен мандат кој завршува на 31 март 2018 година. На 31 март Управниот одбор на Вардар донесува одлука, бидејќи Милановски си дал усна оствака, Ацо Јорданов да биде в.д. претседател, како истакнат борач и најстар член. Исто така донесена е одлука до 30 јуни да конкурираат сите оние што се заинтересирани за претседателската функција. До наведената дата кандидатура поднел само Чедо Николовски.

Во Вардар имало струја која е против кандидатурата на Николовски. На 23 септември му е дозволено да конкурира и Љубиша Пешко, иако тоа е надвор од прифатениот рок, и неговата кандидатура се прифаќа. На 29 септември до сите членови се испраќа известување дека на 11 октомври ќе се одржи изборното Собрание, а на претседателот Милановски известувањето и материјалите му ги праќаат во препорачана пратка.

На Собранието е констатитарно дека БК Вардар има заостанати обврски од 144 илјади денари спрема тренерот Игор Неделковски за 2017 година (60.000 ден), по фактура кон летувалиштето Радости Охрид (12.000) и за 2018-та на Неделковски 72.000.

Како што стојат работите, целата работа ќе треба да ја разреши Централниот регистар на Македонија.

Ipon.mk

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО