Вкупно 14 клуба бараат одржување вонредно Собрание на Федерацијата за боречки спортови на Македонија (ФБСМ), а меѓу нив се и водечките клубови во македонското борење: Балканец, Лирија и Бучим.
„Исполнети се сите услови да се одржи вонредно Собрание. Нашата сметка е блокирана, нема пари за активност. Згора на тоа, Федерацијата има обврски и кон меѓународите боречки асоцијации.кадровските решенија во ФБСМ треба да се решаваат заедно со Агенцијата за спорт и млади. Собранието треба да се одржи во рок од 14 дена, иако има најави дека ќе се пролонгира по СП во Лас Вегас,..“– ја опишува состојбата во ФБСМ генералниот секретар Љупчо Лазаревски.
Инаку, за СП во Лас Вегас се пријавени шест борачи од Македонија.
„Тоа се Дејан Митров, Дејан Богданов и Бобан Данов, Јасин Реџелари, Халил Зубаирв и Тимур Хамикоев. Од 8 август треба да се подготвуваат во Бугарија (тренерот Вренези рече дека е договорено да се оди во Бугарија на подготовки) . Според поранешната одлука, на СП во Лас Вегас треба да патуваат пет борачи- 4 во слободен и еден во грчко- римски стил. Сега ќе се бара од Обединетото светско борење да обезбеди уште едно место за македонските борачи. Информиран сум дека водачи на патот ќе бидат Чедо Николовски и Бетим Вренези, а на свој трошок ќе патува и Аце Поцев од Радовиш и уште некои други…“– додава Лазаревски.
Впрочем, одлуката да патуваат споменатите боречки работници, кои присуствуваа и на другите врвни манифестаци годинава во Европа, предизвика жолчна реакција во јавноста. Според многумина, списокот на патниците за СП во Лас Вегас треба да се корегира и да им се даде шанса на други боречки работници, кои даваат придонес за развој на борењето.Симптоматично е што има најави и за други „туристи“ кои ќе патуваат во САД, заедно со борачите…
ipon.mk/К.М.