Лани Ентони Џошуа заработил 32 милиона фунти надвор од рингот

Светскиот шампион во тешка категорија минатата година заработи 32 милиони фунти надвор од рингот. Кралот на ВБА, ИБФ и ВБО огромната сума ја собрал од договори за рекламирање, давајќи го името на голем број на производи, вклучувајќи облека, чевли, тоалети, диетални производи, компјутерски игри, опрема за боксот.

Ова значи дека тој заработувал над 600.000 фунти неделно, што го прави еден од најплатените спортисти во Велика Британија.

Во меѓувреме, Тајсон Фјури се надева дека ќе го наследи ЕЏ, откако ќе ја патентира омилената навреда „You big dosser” како заштитен знак.

Британецот, кој му се спротивстави на Дионтеј Вајлдер пред една недела за титулата на ВБЦ, сега може да продаде најразлични производи под тоа име. Неговите деловни планови вклучуваат продажба на парфеми, очила за сонце, паричници, ремени, видео игри, играчки, маици, постелнини, па дури и божиќни украси.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО