Ламар Одом со нова боксерска победа (ВИДЕО)

Поранешната НБА ѕвезда Ламар Одом и актерот/ продуцент Оџани Ноа приредија вистинско шоу во форма на боксерски меч. Двете славни личности се приклучија на рангот на боксери. Средбата се одржа во Мајами, Флорида и логично предизвика огромен интерес.

Средбата заврши со победа на „Волшебниот човек“, по едногласна одлука.

Легендата на НБА имаше предност со висината, како и со искуството. Ова не е негов прв пат во рингот. Во јуни минатата година Ламар Одом се појави и како боксер, дури го победи со нокаут пејачот Арон Картер.

Првичните планови беа Одом да се соочи со 54-годишниот Ридик Боу на 2 октомври, но боксерската легенда не се вклопи во сметките на настанот. На негово место дојде поранешниот сопруг на Џнифер Лопез, Оџани Ноа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО