Јасин Лама загуби со одлука на судиите е Абдумалик Халоков од Узбекистан на Светското првенство во бокс што се одржува во Белград.
Лама од олимпискиот шампион и азиски првак е поразен по голема борба во три рунди.
„Силен меч со олимпискиот и светскиот првак, соочете се со шампионот да стане шампион еден ден… беше големо искуство во мојата кариера на Светско првенство со најголемо учество во историјата“, напиша по мечот нашиот репрезентативец и додаде:
„Ветувам дека ќе се вратам уште посилен. Господ да Ве штити сите! Ви благодарам“!
Во првата борба Лама Славеше со 5-0 против Фабио Росели од Сејшелите.
Утре Арсим Етеми ќе направи деби на СП против Андреј Киријаков од Молдавија.
Резултати – Светско првенство во бокс:
60 кг Јасин Лама – Фабио Росели (Сејшели) 5-0
Јасин Лама – Абдумалик Халоков (Узбекистан) 0-5
80 кг Арсим Етеми – во првото коло е слободен
Арсим Етеми – Андреј Киријаков (Молдавија) 30 октомври