Лама ќе се бори за финале на Балканското првенство, Етеми поразен од Умеровиќ

Арсим Етеми е совладан од понадмоќниот Матеј Умеровиќ од Хрватска на Балканското првенство во бокс за сениори во Загреб. Арсим загуби со 0-5.

Утре од полуфиналето стартува вториот наш репрезентативец Јасин Лама, кој против боксерот од Албанија Реџилдо Зенели ќе се обиде да влезе во финалето и да се бори за златниот медал.

Бидејќи имаше директен пласман во полуфиналето Лама обезбеди бронзен медал за Македонија. Ова е втор медал за нашата земја на балканските шампионати за две години по постот од 30-тина години. Во 2019 година Гоце Јанески освои бронзен медал на БП во Турција.

81 кг Арсим Етеми – Матеј Умеровиќ (Хрватска) 0-5

64 кг Јасин Лама – Реџилдо Зенели (Албанија)

Фото: БСХ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО