Лама и Јанески не слетаа во Солун, останаа во Лондон, зашто не биле патници од ЕУ

Одисејата за враќањето од Лондон на нашите боксери Гоце Јанески и Јасин Лама продолжува.

Тие денеска требаше да слетаат на аеродромот во Солун, но реагирала амбасадата на Грција до аеродромските власти, истакнувајќи дека не примаат патници кои не се од Европската унија, иако Гоце и Јасин имаа уредни билети.

Сместувањтео им е обезбедено до 24 март, а понатаму не се знае како ќе биде. И тие ја делат судбината на останатите 50-тина македонски патници кои се заглавени на аеродромот во Лондон.

МНР ќе се потруди со останатите патници да ги врати во Македонија.

Лама и Јанески настапија на Европските олимписки квалификации во Лондон.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО