Боксерите утрово успешно го поминаа мерењето за 46. Меѓународен боксерски турнир „Златен гонг“, а од таборот на нашата репрезентација велат дека сите боксери добро се чувствуваат и се подоготвени да го дадат максимумот.
За Македонија ќе настапат: Исак Сулејмани (-52 кг), Алмир Нуришов (-56 кг), Јасин Лама (-60 кг), Лулзим Исмаили (-69 кг), Гоце Јанески и Бобан Илиоски (- 75 кг).
Репрезентативецот Јасин Лама вели дека е подготвен.
„Подготвен сум чекам златен медал и сум кандидат за „Златниот гонг“, иако конкуренцијата е многу јака, пред се Англичаните, но ќе ја диктирам мојата борба“, вели Лама.
Дебитантот во бокесркиот ринг, но и еден од најдобрите макеоднски кикбоскери, Бобан Илиоски, не смета дека тоа ќе му биде проблем.
„Ќе направам се за да прикажам фер и добра борба. За прв пат излегувам на официјален бокс меч, а тоа не го гледам како проблем, бидејќи не е нешто ново за мене“, категоричен е Илиоски.
А љубителите на боксот поскауваат македонско финале меѓу Илиоски и Гоце Јанески кој е во одлична форма.
„Во добра форма сум, бидејќи напорно работев во овој период, а имам искуство и од минатогодишниот Златен гонг. Според жребот, диркетно сум во финалето и со нестрпление го чекам мојот противник во финалето. Македонско финале со Бобан би било многу интересно. Сепак, годинава сум решен да го освојам „Златниот гонг“, категоричен е Јанески.
На „Златниот гонг“ во Скопје настапат 52 натпреварувачи од 12 држави утре, а борбите почнуваат денеска со почеток во 16 часот во малата сала на СЦ „Борис Трајковски“, додека утре се борбите за медалите.
Боксерите ќе се натпреваруваат за еден од трите пехари за најдобар боксер на Златниот гонг кој и најпрестижен, за најдобар техничар и за најдобар македонски боксер. Пехари ќе добијат и најдобриот тренер, најдобриот судија и секако трофеј ќе има и за најдобриот странски боксер.
Ipon.mk/В.Д.