Јасин Лама (60 кг) и Лулзим Исмалили (69 кг) не разочараа во дебитантските настапи на Европското првенство во бокс за боксери до 22 години во Тргу Јиу во Романија, иако загубија на поени.
За Јасин Лама може се каже дека одлично се бореше со Дорин Букса од Молдавија, европски првак до 18 години. Судиите гласа 0-5 за Букса (26-30, 24-30, 27-30, 27-30 26-30). А Лулзим Исмаили со Филип Вачала од Полска пружи одлична партија и загуби 4-1. Вака гласаа судиите: 30-27, 30-27, 28-29, 30-27, 30-27 за Полјакот.
Според тренерот на репрезентацијата Фатон Салиху, и двајцата требало да победат.
„Имав меч со полскиот боксер, кој е со големо искуство, за жал го изгубив натпреварот 2-1 во кој бев подобар од противникот. Да бев боксер од којабило друга држава, сигурно ќе победев. Но, овој пораз ме прави уште посилен. Ќе се вратам уште подобар, ветувам. Ви благодарам на сите што ме поддржувате“, напиша Лулзим Исмаили на ФБ по борбата.
Утре Гоце Јанески ќе се бори со Чапел Лансеот де ла Протон од Белгија.
Јасин Лама ВИДЕО.
Лулзим Исмаили ВИДЕО.
Ipon.mk