Лакрдија во полуфиналето на Купот на Бугарија во Крџели. На Петар Арсовски, кој настапува за Локомотив од Софија, прво му досудена победа со едногласна одлука, за 10 минути по борбата да дојде до некакво прегласување и победата од 1-2 да му биде доделена на противникот.
„Во сите три рунди Петар Арсовски доминираше. Водеше 3-0 и со дигната рака од старана на судијата и аплауз од публиката го напушти рингот. По 10 минути дојде до некакво прегласување од страна на судиите и со 2-1 му ја одземаа победата. Бронзата е далеку од доволна. Се борев со самиот себе и ментално и физички. Симнував килажа на само 13 години и боксирав 3 меча за само 3 дена и сите ги добив. Бев подготвен за финалето. Тоа ми беше и желбата, да станам првак во таква конкуренција. Како еден голем тест за догодина ЕП за деца. Меѓутоа, тоа е тоа! Јас не можам и против судиите“, вели неговиот татко Петар Арсовски за Ipon.mk.
Ipon.mk